Германија 67 милијарди евра од пандемиската помош ќе пренасочи кон добавувачите на гас

од Stefanija Kuzmanovska

Германската влада планира да ја пренасочи пандемиската помош на добавувачите на гас преку државната развојна банка за да им помогне во периодот на високи цени, потврди министерството за финансии во вторникот, според извештајот во деловниот весник Handelsblatt.

Околу 67 милијарди евра одобренија за заем ќе бидат префрлени од државниот Фонд за економска стабилизација (WSF) на државната развојна банка KfW, објави во вторникот деловниот весник Handelsblatt, цитирајќи владини извори.

Ова ќе го зајакне капацитетот на банката за издавање гаранции и обезбедување ликвидност на енергетските компании погодени од драстичното намалување на увозот на гас од Русија, соопшти министерството за финансии.

Одобрувањата за долгорочни заеми на WSF се соодветни за сегашната ситуација бидејќи не е јасно колку долго ќе траат енергетските проблеми, појаснуваат од Министерството.

Минатата недела VNG, еден од најголемите германски увозници на руски гас, им се придружи на голем број добавувачи на гас кои побараа помош од владата за да се справат со високите цени по прекинот на испораките од Русија, потсетува „Ројтерс“.

Како и Uniper, кој обезбеди дури 19 милијарди евра од владата, VNG сега е принуден да купува гас на физичкиот пазар, по значително повисоки цени. Германската влада се очекува во среда да го усвои нацрт-законот за зголемени кредитни средства.

Тема на разговор во Италија е и пренасочувањето на парите од програмата за пандемијата. Шефот на здружението на италијанската индустрија, Карло Бономи, во понеделникот рече дека, според него, има простор за промени во планот за закрепнување од кризата со корона (PNRR).

Слични содржини