Германија бележи рекорден број на смртни случаи од корона: Меркел размислува за строг „локдаун“

од Берта Китинска

Германската канцеларка Ангела Меркел наводно размислува за воведување на најстрога блокада, пишува Билд.

Таквата „локдаун“ би значело целосно затворање на државата, пренесува Индекс.хр.

Да потсетиме, денес во Германија е забележан рекорден број на смртни случаи од ковид. Имено, починале 1.244 лица, а бројот на смртни случаи се искачи на 43.881.

Претходно, земјата забележа најголем број на смртни случаи на 8 јануари, кога починаа 1.188 заболени лица.Според Роберт Кох институт, бројот на заразени на дневна основа се зголемил за 25.164 нови случаи и вкупниот број на заразени 1.978.590 лица.

Во меѓувреме, училиштата, продавниците што не продаваат основни намирници, барови, ресторани и забавни и културни објекти се затворени во земјата, со мерки што постепено се зајакнати од нивното воведување на почетокот на ноември.

Мерките, кои исто така предвидуваат дека едно домаќинство може да го посетува само едно лице надвор од тој круг, треба да останат во сила најмалку до крајот на јануари.

Канцеларката Ангела Меркел и другите членови на владата веќе предупредија дека мерките може да бидат продолжени по јануари. Германската канцеларка се очекува да разговара за следните чекори во борбата против пандемијата на 25 јануари, на состанокот со премиерите на 16 сојузни покраини.

 

Слични содржини