Германија: Девет лица повредени во сообраќајни несреќи предизвикани од невреме

од Nikola Popovski

Најмалку девет лица се повредени во Германија во сообраќајни несреќи, предизвикани од лошото време.

Во Трипштат, близу границата со Франција, денес е повреден возач и шест лица, од кои некои потешко, откако дрво паднало врз возилото, пренесува АП.

Во Росток, во северозападниот дел на земјата, две лица се повредени кога автомобил се удрил во дрво на патот.

Несреќа се случила и во Дортмунд кога приградски воз од 67 патници удрил во дрво, кое паднало на шини, но без повредени.

По втор пат овој месец беше поплавен познатиот пазар на риби во Хамбург, додека во нордиските и балтичките региони поројните дождови и силниот ветер предизвикаа бројни проблеми во форма на поплави, затворање на патишта и прекини со електрична енергија.

Слични содржини