Германија и Франција: „Путин нема да нѐ уценува за рускиот гас“

од Nikola Popovski

Германија и Франција во четвртокот го отфрлија барањето на Русија европските земји да го платат рускиот гас во рубљи, велејќи дека тоа е неприфатливо прекршување на договорот и „уцена“.

Германскиот министер за економија Роберт Хабек на прес-конференција рече дека се уште не видел декрет на рускиот претседател Владимир Путин, но дека Германија е подготвена на сите сценарија, вклучително и прекин на испораката на руски гас за Европа.

„Обидот на Русија да ги подели западните сојузници барајќи плаќање за гас во рубли не успеа“, рече Хабек.

„Нема да дозволиме да бидеме уценувани“, додаде тој.

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјави дека Франција и Германија го одбиле руското барање.

Путин во четвртокот рече дека потпишал декрет со кој се бара од странските купувачи да плаќаат за рускиот гас во рубљи од 1 април, или во спротивно договорите ќе бидат раскинати.

Слични содржини