Германија има одлични вести: 200 луѓе наскоро ќе примат вакцина против Ковид-19

од Aleksandar Petrovski

Двеста здрави луѓе на возраст меѓу 18 и 55 години ќе добијат неколку варијанти на вакцината против коронавирус.

Одобрено е клиничко испитување на вакцината КОВИД-19 во Германија, соопшти Федералниот институт за вакцини во таа земја.

Ова ќе значи дека 200 здрави луѓе на возраст меѓу 18 и 55 години ќе добијат неколку варијанти на вакцини, бидејќи научниците ја тестираат ефикасноста на обезбедување имунитет против вирусот, пренесува Independent.

Во тек е трка за да се развие вакцина која ќе помогне во борбата против ширењето на коронавирусот, во кој досега починаа повеќе од 177.000 луѓе и заразени се 2,5 милиони, покажуваат податоците на универзитетот Џон Хопкинс.

Светската здравствена организација (СЗО) вели дека најмалку 20 различни вакцини COVID-19 во моментов се во фаза на развој, вклучително и неколку во фазата на клиничко испитување.

Слични содржини