Германија исплашена од хемиски напад

од Vladimir Zorba

1470336967-shutterstock-332148527

Власта презема мерки против евентуалната закана.

За прв пат од 1995 година владата на Германија го обнови својот концепт за цивилна заштита во случај на масовна терористички напад. Се очекува концептот да биде одобрен од кабинетот на 24 август.

Прво, Берлин планира да ги зголеми резервите на антибиотици и вакцини против големи сипаници.

Второ, властите одлучиле во случај на потреба, да купат голем број костими за хемиска заштита, кои треба да се распределуваат навремено на населението.

Трето, во случај на непосредна закана, граѓаните ќе бидат информирани преку радио, телевизија, со СМС или со специјални сирени.

Слични содржини