Германија ја стави Грција на „црвената листа“

од Stefanija Kuzmanovska

Германија ја обележа цела Грција како област ризична од коронавирус, објави во петокот институтот Роберт Кох (РКИ), што значи дека сите туристи од Грција, како и германските државјани кои се враќаат од таа земја, ќе треба да презентираат негативен тест доколку не сакаат да бидат ставени во карантин.

Холандија е исто така на црвената листа.

Грција во понеделникот воведе обврска да ги вакцинира здравствените работници и негувателките во домовите откако, во средината на туристичката сезона, се зголеми бројот на новоинфицирани лица.

Само во четвртокот, Грција објави 2.794 лица заразени со Ковид-19, според Ројтерс, а од почетокот на епидемијата во таа земја, повеќе од 450 илјади луѓе се разболеле, додека речиси тринаесет илјади починале.

Слични содржини