Германија ќе биде прва во ЕУ што ќе користи третман со антитела против корона

од Vladimir Zorba

Германија ќе стане првата земја-членка на ЕУ што ќе започне да користи експериментален третман со антитела, заслужен за тоа што му помогна на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да се опорави од „Ковид-19“, изјави министерот за здравство Јенс Шпан.

„Владата купи 200.000 дози за 400 милиони евра“, изјави Шпан за германскиот весник „Билд ам Зонтаг“.

Таканаречените моноклонални коктели со антитела ќе бидат дистрибуирани во универзитетските болници од следната недела, рече тој, додавајќи дека Германија е првата земја во ЕУ што ги користи во борбата против пандемијата, објави британскиот весник „Гардијан“.

Шпан не именуваше кој е производителот што ќе ја доставува дрогата, но тој потврди дека станува збор за истиот лек што го добил поранешниот американски претседател Трамп кога се разболел од Ковид во октомври лани.

„Тие дејствуваат како пасивна вакцина. Администрацијата на овие антитела во раните фази може да им помогне на пациентите со висок ризик да избегнат посериозна прогресија“, рече Шпан.

Слични содржини