Германија ќе забрани жителите од турско потекло да гласаат на референдум за враќање на смртната казна во Турција

од Vladimir Zorba

Германската Влада ќе забрани жителите на државата со турско потекло да гласаат на евентуален референдум за враќање на смртната казна во Турција, изјави портпаролот на Владата Штефан Зајберт. – Политички е невозможно да се согласиме за гласање што е во спротивност со нашиот Устав и европските вредности, изјави тој. Околу 1,4 милиони Турци кои живеат во Германија, имаат право да гласаат на турски избори. Околу половината од нив излегоа на референдумот за проширувањето на надлежностите на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган. Германското Министерство за надворешни работи нагласи претходно дека Владата во Берлин мора да дозволи одржување на политички процеси на други држави, како што е референдум, на своја територија. Минатиот месец беше дозволено гласање во Германија на референдумот за реформи во турскиот Устав. Мартин Шулц, лидер на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и главен противкандидат за канцеларската функција на канцеларката Амгела Меркел на изборите во септември, изјави за „Шпигел“ дека „не може Гермнаија да дозволи такво гласање на нејзина територија, бидејќи е во спротивност со Уставот и нејзите вредности“.

Слични содржини