Германија контра САД: Ќе одвои половина милијарда евра за финансирање на СЗО

од Vladimir Zorba

Франција и Германија во четвртокот изразија поддршка за Светската здравствена организација (СЗО) во борбата против коронавирусот, а Германија објави дека ќе инвестира околу половина милијарда евра во финансирање за јавната здравствена агенција на ОН оваа година.

Лидерот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на прес-конференција во Женева изјави дека агенцијата, која жестоко се критикувана од САД, ја добила целата финансиска и политичка поддршка ие потребна, пренесува Ројтерс.

Повеќе од 9,44 милиони луѓе се заразени со коронавирус ширум светот, додека 481.672 починале.

Слични содржини