Германија: Мобилизацијата во Русија значи натамошна ескалација на конфликтот

од Stefanija Kuzmanovska

Делумната мобилизација на резервистите нарачана од Русија е натамошна ескалација на конфликтот во Украина, на што германската влада размислува за одговор, изјави денеска германскиот вицеканцелар Роберт Хабек.

Тој рече дека тоа е „уште еден лош и погрешен чекор на Русија, за кој, се разбира, ќе разговараме политички и ќе се консултираме како да одговориме“, пренесува „Ројтерс“.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска најави делумна воена мобилизација која започнува веднаш.

Слични содржини