Германија нема да купува вакцини против короната преку програмата на СЗО

од Vladimir Zorba

Германија и се придружи на Франција во одлуката против набавка на потенцијални вакцини за Ковид-19 преку програмата на Светската здравствена организација (СЗО), иако ја поддржува шемата, соопштија неименувани владини извори.

Извори за Ројтерс изјавија дека Берлин нема да купува акции преку програмата КОВАКС на Светската здравствена организација, бидејќи веќе организирал купување потенцијална вакцина преку шемата на Европската унија.

СЗО денес го определи крајниот рок за придружување на нејзините членови во КОВАКС, чија цел е да купат вакцини за Ковид-19 и да обезбедат нивна фер и ефикасна дистрибуција низ целиот свет.

И, додека 92 земји со пониски примања бараат помош преку КОВАКС, многу побогати земји сè уште не аплицирале затоа што имаат обезбедено залихи на други начини.

Министерот за здравство Јенс Шпан претходно изјави дека Германија веќе обезбеди повеќе потенцијални дози на вакцина отколку што има население во земјата, што е вообичаена стратегија меѓу побогатите земји.

„Со задоволство ќе им дадам на другите земји во светот одреден број вакцини за кои се договоривме ако се покаже дека имаме повеќе отколку што ни треба“, рече Шпан.

Изненадувањето во меѓународните институции беше предизвикано од неодамнешната одлука на Франција да не зема вакцини преку програмата на СЗО.

Аналитичарите велат дека одлуката на еден од најголемите поддржувачи на СЗО претставува силен удар врз стратегијата започната со цел обединување на администрациите ширум светот во борбата против пандемијата.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, претходно изјави дека повеќе од 170 земји се приклучија на проектот КОВАКС, ден пред да биде потпишан договорот за пристапување кон програмата.

СЗО побара од администрациите да се приклучат на проектот за да се осигура дека вакцините се дистрибуираат фер и ефикасно, како и дека „национализмот при вакцинацијата“ ќе ги поткопа напорите во борба против пандемијат.

Слични содржини