Германија останува под клуч: Меркел откри до кога ќе биде на сила „локдаунот“

од Stefanija Kuzmanovska

Германската канцеларка Ангела Меркел вечерва објави дека се договорила со премиерите на сојузните држави „локдаунот“ воведен низ целата земја со цел да се потисне коронавирусот, да биде продолжен до 31 јануари.

Меркел исто така рече дека ќе има построги ограничувања на социјалните контакти и дека овие мерки ќе бидат исти како оние воведени на почетокот на пандемијата во март, пренесува АП.

Како што рече таа, учесниците на состанокот повикаа на воведување нови ограничувања на движењето во области со особено високи стапки на инфекција.

Слични содржини