Германија погодена од четврти бран на епидемијата на коронавирус

од Vladimir Zorba

Германија е погодена од четвртиот бран на пандемијата „Ковид 19“, потврди државната агенција за контрола на болести, објави весникот „Ханделсблат“. Германија има најголем дневен број на новозаразени со коронавирус во последните два месеци, откако здравствените власти потврдија уште 3.142 случаи.

Директорот на институтот Роберт Кох (РКИ) во Германија, Лотар Вилер, потврди дека „започнал четвртиот бран“.

Вилер ја нагласи важноста од почитување на мерките против коронавирусот бидејќи „стапката на инциденца од седум дена“ продолжи да се зголемува во последните недели.

Во Германија, намалување на инфекциите со коронавирус беше забележано на крајот на јуни, меѓутоа, во последните недели, беше забележано зголемување поради ширењето на делта-варијантата на коронавирусот.

Во четвртокот, земјата забележа најголем дневен број на инфекции со коронавирус во последните два месеци, откако здравствените власти потврдија уште 3.142 инфекции.

Според последните податоци, регистрирани се 22.200 активни случаи.

Делта-варијантата стана доминантна во Германија и во моментов учествува со повеќе од 84 проценти од сите нови случаи.

И покрај наглото зголемување на случаите во последните недели, хоспитализациите и смртните случаи останаа релативно ниски, во споредба со првиот и вториот бран на пандемијата во Германија.

Здравствените власти во четвртокот потврдија 21 смрт од инфекција со коронавирус.

Слични содржини