Германија повторно го собори рекордот, повеќе од 50.000 заразени дневно

од Milan1

Во Германија повторно е поставен нов рекорд по број на новозаразени дневно, односно има 52.826 новозаразени, а починале 294 лица во последното деноноќие.

Според Институтот Роберт Кох, тоа е за 13.150 случаи повеќе отколку во средата пред една недела, кога беа регистрирани 39.676 нови инфекции.

Во изминатите 24 часа починале 294 заразени со корона вирусот. Така, вкупниот број на починати од короната се зголеми на 98.274.

Слични содржини