Германија: Расте бројот на екстремни десничари во редовите на Бундесверот

од Vladimir Zorba

Бројот на припадници во германските вооружени сили кои припаѓаат на радикалната десница рапидно се зголемува, а во тек е истрага против 550 припадници на Бундесверот, објави денеска „Велт ам зонтаг“.

„Воената разузнавачка служба моментно испитува 550 војници под сомнение дека припаѓаат на екстремната десница“, рече директорот за воено разузнавање (МАД) Кристоф Грам во интервју за „Велт ам зонтаг“.

Тој предупреди за нагло зголемување на откриените случаи на војници кои покажуваат екстремно десничарски поглед на светот.

„Триста и 60 нови случаи беа регистрирани само минатата година“, рече Грим.

Тој објасни дека во 2019 година биле пријавени осум членови на радикално десничарската сцена, а кај други 40 биле пронајдени „недостиг на верност кон германскиот уставен поредок“.

Грем објасни дека особено голем процент на војници со екстремно десничарски погледи биле откриени меѓу припадниците на специјалните сили.

„Процентот на војници со таков поглед на светот кај Специјалните сили е петпати поголем отколку во остатокот од Бундесверот“, рече Грим.

Слични содржини