Германија се огласи: Бараат да се разјасни „скандалот со шпионажата“

од Stefanija Kuzmanovska

Германската влада одговори на обвинувањата дека САД, користејќи партнерство со Данска, ја шпионирале германската канцеларка Ангела Меркел и други европски претставници.

„Федералната влада го зеде предвид овој извештај и е во контакт со релевантни национални и меѓународни чинители за појаснување“, рече портпаролот Стивен Зајберт, но одби да коментира понатаму за наводите за шпионажа.

Данската државна телевизија ДР објави дека Американската национална разузнавачка служба (НСА) ја користела данската разузнавачка служба за да шпионира службени лица во Европа, вклучувајќи ја и германската канцеларка.

Ова го покажуваат резултатите од внатрешната истрага од 2015 година за партнерството со НСА, што ја спроведе данската разузнавачка служба, објави ДР.

Според овие наводи, НСА користела дански разузнавачки врски за да шпионира политичари во Норвешка, Шведска, Франција и Германија.

Слични содржини