Германија со рекордни 84 милиони жители поради украинските бегалци

од Nikola Popovski

Приливот на украински бегалци во Германија е причината поради која земјата достигнал нов рекорд со повеќе од 84 милиони жители, објави германската федерална служба за статистика.

До крајот на јуни, населението на Германија се зголемило за 843.000 луѓе или еден процент во споредба со крајот на 2021 година. За споредба, бројот на жители се зголемил во текот на целата 2021 година за само 82.000 луѓе или 0,1 отсто.

Околу 750.000 украински бегалци дошле во Германија, бегајќи од руската инвазија од почетокот на 2022 година.

Најголем дел од бегалците се жени, објави тамошниот Завод за статистика, наведувајќи дека до крајот на јуни во Германија живееле 501.000 Украинки и девојчиња повеќе отколку на крајот на 2021 година, додека бројот на украински мажи и момчиња е зголемен за 248.000.

Германија забележа лараст на населението од оваа големина во 1992 и 2015 година.

Во 1992 година, набргу по падот на комунизмот и обединувањето на Германија, пристигнале околу 700.000 луѓе кои бегаа од војната во Југославија.

Во 2015 година, речиси милион мигранти дошле од земји зафатени од војна, како Сирија, Ирак и Авганистан.

Слични содржини