Германија: Украина би можела да влезе во ЕУ многу побрзо од очекуваното

од Stefanija Kuzmanovska

Пристапувањето на Украина во ЕУ не е „прашање на месеци или години“, рече германскиот канцелар Олаф Шолц, сугерирајќи дека Украина може да се приклучи на ЕУ многу порано од очекуваното. Говорејќи пред германскиот парламент, Шолц исто така истакна дека ЕУ мора да започне „да подготвува солидарен фонд“ за да помогне во обновата на земјата по војната.

Што се однесува до НАТО, Шолц рече дека Германија нема да биде „конфликтна“ по ова прашање. Коментарот на Шолц доаѓа откако Шведска и Финска го започнаа процесот за влез во НАТО, со што Турција вчера не се согласи.

Слични содржини