Само во минатиот месец Германија регистрира рекордни 104.460 нови барања за азил, соопштија вчера надлежните во Баварија наведувајќи дека се работи за досега најголем бран на бегалци и емигранти во таа земја.

izbeglici

Германија е најголемиот примател на економски мигранти од Југоисточна Европа и оние кои бегнаат од војните на Блискиот Исток во Европската Унија. Оваа држава има релативно најлиберални закони за азил и им дава солидни бенефиции во споредба со другите членки на ЕУ.

Од почетокот на годинава до август евидентирани се 413.535 лица во системот за регистрација на мигранти и бегалци, соопштуваат од германското министерството за социјални прашања.

Европа се соочува со најголемата бегалска криза по Втората светска војна, а се уште бара решение за овој проблем. Илјадници луѓе од Блискиот Исток, Азија и Африка досега загинаа на копно и во море за време на опасните патувања кон Европа.

Германија очекува во текот на оваа година да одобри околу 800.000 барања за азил, што е четири пати повеќе од минатата година.

Властите во оваа држава велат дека оваа година можат да се справат со тој наплив, но додаваат дека тоа е потребна голема сума на пари за решавање на бегалската криза и дека на подолг рок 800.000 луѓе е голем залак дури и Германија.

Германија предлата отворање центри за бегалци во Унгарија, со помош на Агенцијата на ОН за бегалци, УНХЦР.

Слични содржини