Германија воведува нови правила поради ширење на делта сојот

од Stefanija Kuzmanovska

Поради силното ширење на делта сојот на коронавирусот, германските власти ги додадоа Португалија и Русија во регионите каде се шират нови видови, како резултат на што новите правила за влез во земјата ќе важат од полноќ.

Од полноќ, германските превозници, без разлика дали се авиокомпании, автобуски превозници или железнички пруги, можат да превезуваат само германски државјани и странци кои живеат во Германија од Португалија и Русија.

Секој што ќе влезе во земјата од тие земји, ќе мора да оди во карантин 14 дена, што не може да се прекине со тестирање во Германија, а исто така важи и за лица кои се целосно имунизирани и прележале корона.

Слични содржини