Германија воведува ригорозни мерки за оние кои не носат маски во јавниот превоз

од Vladimir Zorba

Германски железници (Deutsche Bahn DB) ги воведе првите долгорочни забрани за употреба на нивните превозни средства од луѓе кои одбиваат да носат заштитни маски, објавија во неделата германските медиуми.

„ДБ забрани продажба на нивните средства на повеќе од десет лица поради повеќекратно одбивање да носат заштитни маски“, изјави за весникот „Велт ам Зонтаг“ портпарол на концернот.

На овие лица им е забрането да користат возила на ДБ во меѓуградскиот и локалниот сообраќај во следните шест месеци, а исто така им е забрането да влегуваат во железничките станици низ целата земја.

Поголемиот дел од луѓето забранети за превоз се членови на групи што негираат постоење на пандемија на коронавирус.

Во декември тие објавија видео на социјалните мрежи во кое се движат без заштитна маска во вагони на ДБ и ги напаѓаат патниците со маски.

Во случај на непочитување на изречената забрана, ДБ се подготвува да поднесе кривична пријава за нарушување на редот на приватен имот.

Во Германија, од воведувањето на првите мерки во борбата против пандемијата на коронавирус минатата пролет, се разви сцената на т.н. Querdenker (во слободен превод: оние кои размислуваат надвор од вообичаените граници) кои се спротивставуваат на мерките и на протестите редовно негираат постоење пандемија.

Слични содржини