Германија воведува задолжителна вакцинација

од Aleksandar Petrovski

Бундестагот усвои закон со кој се пропишува задолжителна вакцинација на деца од март 2020 година и казна од 2.500 евра за родителите кои ќе одбијат да ги вакцинираат децата.
Законот доби поддршка од владејачките демохристијани и социјалдемократи како и од опозициските либерали.

Според зборовите на министерот за здравје Јенс Шпан ова е закон за заштита на децата во вистинска смисла на зборот.

„Сипаниците не се детска болест“, изјави Шпан додавајќи дека оваа зараза е исклучително пренослива и претставува „мачење за децата и возрасните“.

„Заедничка цел ни е во иднина никој повеќе да не заболи од сипаници“, истакна Шпан.

Укажа на тоа дека посебно на малите деца им е неопходна „специјална заштита“ и дека тие не можат сами да одлучат за тоа дали ќе се вакцинираат, па затоа вакцинацијата мора да биде задолжителна.

Новиот закон пропишува дека од март 2020 година родителите за прием на деца во градинка или училиште ќе мора да докажат дека децата им се вакцинирани.
Обврската за вакцинација се однесува и на сите кои работат со деца, персоналот во градинките, училиштата, медицинските установи и социјалните установи, како и центрите за бегалци.

Децата и лицата во овие установи ќе имаат рој најкасно до крајот на јули 2021 година да донесат доказ дека се вакцинирани или дека прележале сипаници.

Слични содржини