Германија започнува со директна исплата на самовработените и малите компании

од Aleksandar Petrovski

Германските сојузни држави од денеска почнуваат да префрлаат пари на сметките на малите компании, самовработените, хонорарците и земјоделци, кои се тешко погодени од  кризата со коронавирусот.

Владата во Берлин и сојузните покраини постигнаа договор со кој ќе овозможат финансиски субвенции за лица без редовна работа и малите компании.

Договорот го потврдија министерствата за економија и за финансии и со него ќе им се овозможи на сојузните поктраини пристап до фондот во вредност од 50 милијарди евра.

Програмата за државна помош има за цел да им помогне на групите на кои им е тешко да позајмуваат пари и не се опфатени со мерки за финансиска сигурност.

Компаниите што вработуваат до пет работници ќе добијат 9.000 евра за да ја задржат состојбата на компанијата во наредните три месеци, а компаниите со максимум десет работници ќе добијат по 15.000 евра.

За да се квалификуваат за помош, компаниите ќе треба да докажат дека биле финансиски здрави пред кризата.

„Како и за малите бизниси, хонорарците и самовработените така и  потребите на многу земјоделци во моментов се големи“, истакна министерот за економија, Питер Алтмајер и потврди дека парите од фондот ќе бидат достапни и за земјоделците.

Слични содржини