Германска десничарска политичка партија под истрага поради расистички боенки

од Nikola Popovski

Германската полиција започна истрага против десничарски политичари кои споделувале боенка со расистичка содржина.

Во нив се прикажани вооружени лица со турско знаме и жени со темна кожа, чии коси се украсена со коски, пренесува Хина, повикувајќи се на АФП.

Боенките биле расподелени на собирот на партијата „Алтернатива за Германија“ (АфД) во Крефелд, Северна Рајна-Вестфалија.

На еден од цртежите се прикажани жени, кои се целосно покриени, со пораката: „Сите ќе ве исчистиме“

Регионалната полиција објави на Твитер дека е покрената истрага, а парламентот сака да утврди дали боенките биле финансирани со јавни пари.

Еден локален огранок на АфД предупреди дека станува збор за „напад на уметничката слобода“.

„Тоа е боенка за уметноста, во која се наоѓаат сатирични цртежи за состојбата во земјата“, се бранат од анти-имигрантската и анти-исламската партија.

Шефот на локалниот огранок, Маркус Вагнер не го криеше задоволството: „Ние освоивме бодови. Уметноста не смее да доаѓа само од левицата“.

АфД, основана во 2013 година, „наопаку ја преврте“ германската политичка сцена, особено во поранешна Источна Германија. Првпат влезе во националниот парламент во 2017 година.

Слични содржини