Германска фармацевтска компанија: Го финализираме развојот на вакцината против коронавирусот, наскоро тестовите

од Nikola Popovski

Европската унија го поддржа ова истражување со 80 милиони евра.

Фармацевтската компанија „CureVac“ има намера да започне со тестирање на својата вакцина против коронавирусот на почетокот на летото. Оваа компанија работи на вакцина од јануари и наскоро ќе започне соклиничка студија.

„Сè што оди според планот со нашиот проект за развој на вакцината. Во јуни, најдоцна до јули, сакаме да започнеме со тестирање на околу 100 лица“, порачаа од компанијата во Тибинген.

Тие исто така посочуваат дека првите резултати се очекуваат во рок од неколку недели од тестирањето. Доколку е позитивно, ќе се спроведе понатамошна клиничка студија на повеќе од илјада учесници.

„CureVac“ е основана во 2000 година и има околу 460 вработени, повеќето од нив во Тибинген.

Слични содржини