Германска компанија го тужи Газпром: Бара милијарди евра поради неиспорачаниот гас

од Nikola Popovski

Германската енергетска компанија RVE иницираше арбитражна постапка против руски Газпром поради неизвршената испорака на гас, изјави портпаролот на RVE.

Изјавата дојде откако германската комунална компанија Унипер минатата недела започна арбитражен процес барајќи од Гаспром отштета од милијарди евра за неиспорачаниот гас.

Во споредба со Uniper, RVE е значително помалку зависен од рускиот гас. Договорот предвидува до 2023 година да добива 15 терават часови (TWh) гас од Гаспром, а од почетокот на конфликтот во Украина таа количина е намалена на 4 TWh.

„Во случај на целосен прекин на снабдувањето со руски гас, ние пресметуваме дека набавката од други извори на тие недоставени количини од 4 TWh би чинела најмалку дополнителни 400 милиони евра“, напиша Мартин Тесиер, аналитичар во консултантската куќа Stifel Research, во јуни оваа година.

На комуналното претпријатие „Унипер“, кое претрпе загуби од околу 11,6 милијарди евра по прекинот на испораката на рускиот гас во август, има потреба од 200 TWh гас. Газпром не одговори на барањето за коментар, но ниту германската компанија, увозникот на гас, не потврди дали е покрената арбитражна постапка.

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Слични содржини