Германска министерка: Апликациите за следење мора да бидат доброволни

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот министер за правда, Кристин Ламбрехт, во вторникот изјави за „Deutschlandfunk“ дека следењето преку апликациите како помош за коронавирусот треба да се користи само на доброволна основа во Германија, чии граѓани се многу сомнителни за дигиталниот надзор.

„Тоа е повреда (на права) ако имам такви информации, така да можам само да се согласам со секој што ќе рече дека доколку постои такво решение, што всушност ги прекинува ланците на инфекција, тоа е можно само ако го имаат на своите мобилни телефони и го користат – тоа да го направат доброволно“, рече Ламбрехт.

Германија се надева дека во рок од неколку недели ќе стартува со апликација за телефон, за да помогне во следењето на инфекцијата од коронавирус, откако е постигнат широко распространет политички консензус дека усвојувањето ваков пристап, прво во Сингапур, може да биде ефективно, без да се наруши приватноста на граѓаните.

Слични содржини