Германска олимпијка се соблече за „Плејбој“ (18+)

од Vladimir Zorba

Атрактивната, германска натпреварувачка во ски слободен стил Лиза Цимерман ја „загреа“ публиката за претстојната Олимпијада во Пјонгчанг, откако се појави на насловната страница на новиот број на германското издание на „Плејбој“.

На првата страница на двократната освојувачка на трофеи од Светското првенство – во 2014 во „слоупстајл“ и во 2016 во „биг ер“ позира дискретно, но во внатрешните страници веќе покажува сѐ што има.

Цимерман, која е една од фаворитите за злато и во Пјонгчанг, во принцип сака да го покажува своето тело, како што се гледа во нејзиниот профил на Инстаграм, каде има кадри без облека.

thanks to @swox_com for keeping me safe from the sun ??‍♂️ ?? ? @flo_corzelius

A post shared by Lisa Zimmermann (@zimmermannlisa) on

Секоја нејзина публикација е пречекана со восхит од нејзините фанови, што гарантира дека бројот на „Плејбој“ нема да се задржи долго во продавниците.

Слични содржини