Германската амбасада објави повик за млади филмаџии

од Nikola Popovski

Германската амбасада во Скопје објави повик за млади филмаџии за продукција на видео-клип во траење од пет минути.

-Повикуваме млади филмаџии од Северна Македонија да се пријават до 13 август, со идеја за реализација на проектот. За изработениот видео-клип Амбасадата има предвидено соодветен хонорар, се наведува во соопштението на Амбасадата.

Подетални инфрмации заинтересираните можат да добијат до 1 август кај Катрин Фриинсфелд ([email protected]) и Бјанка Зафировиќ-Орданоска ([email protected]).

Слични содржини