Германската државна секретарка: Јасно е дека актуелната македонска Влада е многу посветена кон приклучување во ЕУ

од Nikola Popovski

Државната секретарка на Германија, Ана Лурман потенцира дека С. Македонија заслужува да биде членка на Европската Унија. Според неа, „јасно се гледа дека актуелната влада е многу посветена на приклучување кон ЕУ“.

-Многу е јасно дека оваа влада е многу посветена на приклучување кон ЕУ. И, секако, кога се работи за антикорупциски реформи и судството, тоа е многу јасно. И тоа е многу важно за доброто на народот, вели Лурман.

Таа истакна дека „било многу очигледно дека ЕУ сака Северна Македонија да биде дел од нејзиниот идентитет“.

=Слушнавме како се зборува на македонски во зградите на ЕУ за време на таа конференција. Многу ми е јасно дека овој процес кој конечно почна сега во јули е многу јасна поддршка дека ЕУ не само што зборува за проширување кога се работи за Западен Балкан туку и дека делува во тој поглед. Спремни сме да го форсираме тоа, рече Лурман во емисијата „Клик плус“.

Слични содржини