Германската економија може да загуби над 260 милијарди евра поради инфлацијата и војната во Украина

од Vladimir Zorba

Германската економија ќе загуби над 260 милијарди евра додадена вредност во периодот до 2030 година поради повисоките трошоци за енергија и војната во Украина, што ќе доведе и до негативни последици за пазарот на трудот, се наведува во студијата на Институтот за вработување (IAB), цитирани од Ројтерс.

Германскиот бруто-домашен производ (БДП) приспособен според инфлацијата би можел да биде помал за 1,7 отсто следната година, со пад на вработеноста за околу 240.000 лица, покажа истражувањето.

Вработеноста се очекува да остане околу ова ниво до 2026 година, кога мерките за проширување постепено ќе почнат да ги засенуваат негативните ефекти и да доведат до зголемување за околу 60.000 вработени лица во 2030 година.

Еден од големите губитници, сепак, ќе биде хотелскиот и ресторанскиот сектор, кој веќе е силно погоден од пандемијата на коронавирус и веројатно ќе ги почувствува ефектите од падот на потрошувачката моќ на домаќинствата.

Веројатно ќе бидат погодени и енергетски интензивните сектори како што се хемиската индустрија и производството на метали.

Ако цената на енергијата, која досега беше 160 отсто повисока, повторно се удвои, германскиот БДП во 2023 година би бил речиси 4 отсто помал отколку што би бил без војната, наведува институтот.

Слични содржини