Германската организација за заштита на потрошувачите ја тужи „Тесла“

од Vladimir Zorba

Најголемата германска организација за заштита на потрошувачите, VZBV, поднесе тужба против Tesla пред судот во Берлин за, како што вели, погрешни реклами и кршење на прописите за заштита на податоците.

Оваа организација денеска соопшти дека „Тесла“ ги мамела потрошувачите со погрешни изјави за тоа колку емисии на јаглерод диоксид заштедуваат со купување на електрично возило „Тесла“, пренесе Ројтерс.

Надзорниот режим инсталиран во автомобилите, кој има функција да ја снима околината, исто така ги прекршува законите за заштита на податоците, наведува ВЗБВ.

Слични содржини