Германски експерт: Оние кои се враќаат од одмор ќе ги прошират новите видови

од Stefanija Kuzmanovska

Нов бран на инфекција со коронавирус се очекува во Германија и многу европски земји, а причината ќе бидат оние кои се враќаат од одмор и мутациите, посочува здравствениот експерт на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Карл Лаутербах.

Индискиот вид најверојатно ќе се прошири на бројни европски земји во наредниот период, изјави тој за медиумите на групацијата „Функе“.

„Преку оние кои се враќаат од одмор, новите мутации значително ќе се прошири во Германија најдоцна на есен“, убеден е тој.

Засега, вели тој, димензиите се нејасни, но мора да се очекува нов бран на инфекција на крајот на летото во Европа, пренесува „Танјуг“.

Исто така, додава тој, на есен може да се појави нов вид, кој не го знаеме во моментот.

Слични содржини