Германски имунолог: Не требаше прво да ги вакцинираме старите лица

од Nikola Popovski

Приоритетот за вакцинација против коронавирус треба да биде одреден од бројот на контакти на една личност бидејќи тоа „ќе има многу поголем ефект“ врз пандемијата, изјавил во неделата германскиот имунолог Мајкл Мејер Херман за локалните медиуми.

Мејер-Херман, од Хелмхолц центарот за истражување на инфекции во Брауншвајг, посочил дека вакцинирањето на старите лица прво, како што било направено досега од Германија и многу други земји, значително ја намалило стапката на смртност, но бидејќи групата имала најмалку контакти, таа немала поголем ефект врз пандемијата.

Неговите изјави за берлинскиот весник „Тагесшпигел“ следеле во време на фрустрација во Германија поради бавната вакцинација, пренесува Хина.

Маер-Херман исто така ги критикувал плановите за постепено олеснување на ограничувањата и укажал на ширењето на британската варијанта на коронавирус.

Тој очекува бројот на случаи да „експлодира“ и се осврнал на ситуацијата во Ирска, Велика Британија, Португалија и Чешка.

Гернот Маркс, кој е на чело на Германското здружение за интензивна нега (ДИВИ), рекол дека пандемијата може да заврши наскоро доколку програмата за вакцинација значително се забрза и ако луѓето ги следат правилата.

„Ќе ја победиме пандемијата до крајот на септември“, изјавил Маркс за Фанк Медиа Груп. Маркс додал дека ова може да се случи веќе во средината на летото, врз основа на податоците од Израел кои покажуваат дека оние кои биле вакцинирани повеќе не ја пренесуваат инфекцијата на други.

Но, тој истакнал дека луѓето треба да продолжат да носат маски во гужви и дека треба да останат и другите ограничувања за да не се поништи досегашниот напредок.

Слични содржини