Германски имунолог: Нема колективен имунитет без вакцинирање на децата

од Stefanija Kuzmanovska

Колективен имунитет може да се постигне само ако се вакцинираат и децата, заклучи потпретседателот на Здружението на имунолози на Германија, Рајнхолд Форстер.

Колективен имунитет против коронавирус не може да се постигне без вакцинирање на деца и млади, предупреди денес Здружението на имунолози на Германија.

„Појдовна точка е да се добие колективен имунитет кога се заштитени 60 до 70 проценти од граѓаните. Тоа бара вирусот да не може да се размножува кај овие луѓе“, рече Форстер за дневните весници на медиумската групација „Функе“.

Кај ковид 19, вели тој, тоа е нешто поразлично, бидејќи луѓето можат да го пренесат вирусот, иако тие самите не се болни, иако биле вакцинирани и се целосно без симптоми.

Ситуацијата со делтата е влошена. Тој исто така даде до знаење дека вирусот засилено ги погодува младите и децата.

„Се додека не се вакцинира таа група, нема да добиеме колективен имунитет“, рече Ферстер.

Слични содржини