Германски медиуми: НАТО подготвува операција за „заплашување“ на Русија

од Vladimir Zorba

Војниците од Бундесверот одржуваат воени вежби на германскиот полигон „Алтенграбов“, пренесува „Дас Ерсте“.

Телевизијата ги нарече маневрите подготовка на НАТО за операцијата „заплашување“ на Русија во Литванија.

„Во 2014 година, НАТО одлучи однапред да распореди сили таму, со цел да испрати сигнал. Тоа е нашата задача. Тоа е задача на нашата единица оваа година и следните три“, изјави пред новинарите еден од командантите на артилерискиот баталјон.

Според телевизијата, операцијата има за цел „да ја осигури безбедноста на источната граница на Алијансата“.

Информацијата за одржувањето на овие маневри ја потврди и германската агенција ДПА, која, за волја на вистината, не ги поврза вежбите на војниците со какви било сигнали испратени до Москва, пренесе Спутник.

Слични содржини