Германски научници пронајдоа решение во случај на тромбоза

од Stefanija Kuzmanovska

Германски научници утврдија зошто тромбозата се јавува во некои ретки случаи по вакцинирањето со вакцината на „АстраЗенека“.

Научниците тврдат дека постои решение за тоа – активна состојка со моментално дејство, која помага против тромбоза, пренесува „Танјуг“, повикувајќи се на „Дојче веле“.

Шестте случаи на тромбоза во Германија по вакцинацијата со „АстраЗенека“ беа проучени во универзитетската болница Грајфсвалд.

Германските медиуми проценуваат дека дошло до револуционерно откритие дека вакцината, во многу ретки случаи, ги „активира“ тромбоцитите во крвта на сличен начин како кога создаваат заштитен слој над отворена рана.

Ваквата реакција не е тешко да се спречи, затоа се препорачува да им се даде на ризичните групи, покрај вакцината, соодветен препарат, активна состојка со моментално дејство, „која помага против тромбоза“.

Препаратот може да се дава само по појавата на тромбоза, а не истовремено со администрација на вакцината.

Слични содржини