Германски пиварници: Фрламе непродадено пиво, бараме помош

од Nikola Popovski

Германските пиварници беа принудени да го фрлат непродаденото пиво, поради што тие побараа финансиска помош од државата во време кога се продолжува полицискиот час, соопшти денеска здружението на пиварници.

Германските кафулиња, хотели и ресторани се затворени од ноември, а пабовите ја повикаа државата да им помогне финансиски како дел од програмата за помош на различните индустрии во надминување на кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19.

Голем број од вкупно 1.500 пиварници во Германија стравуваат за својата егзистенција, бидејќи досега помалите пиварници создадоа најголем дел од својот промет преку доставување пиво во таверни, кафулиња и ресторани.

Владата веќе им помагаше на кафулињата, но не и на пабовите.

„Од недела во недела, сè повеќе пиварници, пабови специјализирани за пиво, се соочуваат со егзистенцијална закана, иако не е нивна вина и тие се третираат несолвентно“, пишувало во писмото од 300 пабови од здружението ДББ и ВПБД, пренесе Ројтерс.

Писмото е потпишано и од пиварите Карлсберг Германија, Битбургер Браугруп, Кромбахер и Поланер.

„Затворањето и колапсот во продажбата на пиво значеа дека пиварниците изгубија голема сума пари преку ноќ. Залихите пиво вредни милиони евра се фрлени, бидејќи му истече рокот“, се вели во писмото.

Слични содржини