Германски пратеници бараат да се укине олеснетото вработување на работници од Балканот

од Stefanija Kuzmanovska

Предлогот на германската десничарска екстремистичка партија АФД за укинување на Правилото за Западен Балкан за внесување неквалификувана работна сила во Германија предизвика отпор од сите други парламентарни фракции во Бундестагот, кои едногласно објавија дека ќе го отфрлат предлогот.

АФД сака да се укине ова правило за да можат германските работници да ја добијат работата, како и да се запре практиката на, како што тврдат, „лошо платени балкански работници да ги намалуваат платите во ниско платените сектори во германската економија“.

Волфганг Штренгман Кун, пратеник од Зелените, рече дека предлогот на АФД е мешавина од незнаење на економијата и нетолеранција кон странците.

– Типично за вас, вие вградивте омраза кон странците во вашиот предлог, што го поддржавте со квази аргументи кои немаат никаква врска со реалноста – рече тој и потсети на истражувањето на независните институти, кои оценија дека правилото не ја загрозува домашните сила, помага на германската економија, не доведува до намалување на платите и не го оптеретува социјалниот систем на Германија.

„Да го прочитавте тоа, ќе ве повредеше, бидејќи таму има премногу факти“, рече тој.

Јоханес Фогел од германските либерали истакна дека овој предлог ги разоткрива лажните грижи на АФД за воведување ред во областа на имиграцијата, со цел да се обиде да одземе некои гласови од гласачите од политичкиот центар.

– Маските паднаа денес затоа што црно на бело се покажадека АФД е против каква било имиграција, дури и кога е неспорно во прилог на германската економија. Тие не сакаат правила за имиграција, туку да ги искажат своите чувства кон граѓаните на БиХ или кон другите луѓе од таа област, и тоа треба јасно да се каже – рече Фогел.

Макс Штраубигер, член на баварскиот ЦСУ, рече дека предлогот на АФД е бесмислен и не е усвоен не затоа што тоа го барале работници од Балканот, туку германските работодавци и потсети дека предноста ја имаат домашните и европските работници.

– Би било одлично ако прво го прочитате правилото. Работните места се плаќаат на работници од Западен Балкан кои се плаќаат во согласност со платата предвидена за таа одредена гранка. Тоа значи дека на 45-годишен работник од Балканот, вработен во согласност со професијата, мора да му се исплатат 3.905 евра бруто, а не како што велите, дека Балканците ги туркаат надолу платите на германските работници, кажа тој.

Во следната парламентарна фаза, овој предлог ќе го дискутираат комисиите, а потоа ќе биде ставен на последно гласање.

Слични содржини