Германски увозници: Рускиот јаглен ќе биде заменет со јаглен од други земји до крајот на годината

од Vladimir Zorba

Германските увозници на јаглен претпоставуваат дека до крајот на годинава увозот на јаглен од Русија целосно ќе биде заменет со увоз од други земји, но наведуваат дека тој ќе биде поскап поради повисоките транспортни трошоци.

„Јагленот од Русија може да се замени со јаглен од други земји, како што се САД, Јужна Африка, Австралија, Колумбија, Мозамбик и Индонезија“, рече Александар Бете, претседател на Здружението на увозници.

Тој за медиумите на групата „Функе“ објасни дека рускиот јаглен би можел да биде заменет до следната зима.

Слични содржини