Германски весник: Бугарија тајно ја снабдувала Украина со муниција и дизел

од Stefanija Kuzmanovska

Од почетокот на рускиот напад на Украина, Бугарија тајно го снабдува Киев со оружје и дизел преку неофицијални канали и преку приватни компании и посредници и покрај противењето на владата на таа балканска земја, открива германскиот весник „Велт“.

Според тврдењата на германскиот весник, поранешниот премиер на Бугарија Кирил Петков минатата година водел тајна операција за снабдување на Украина „зад грбот“ на неговите социјалистички коалициски партнери, кои биле против воената помош за Украина, пренесува „Дојче веле“.

Слични содржини