Германски виролог предупредува: Не ги отворајте градинките, тие ќе станат жаришта

од Aleksandar Petrovski

Германскиот виролог Кристијан Дростен предупреди на опасност од предвремено отворање на градинките.

Дростен вели дека врз основа на грипот и настинките се знае дека децата имаат големи количини на вируси во грлото.

Оваа концентрација на вирус е 10.000 пати поголема отколку кај возрасните, објасни тој.

Дростен вели дека децата имаат имунолошки систем без искуство, кое не може да делува против вирусот, заради што училиштата и градинките се жариште на вирусот.
Во исто време, тој рече дека сè уште нема сеопфатни студии за тоа колку се заразни децата и изрази надеж дека науката ќе дојде до нови сознанија во наредните денови.

Исто така, Дростен предупредува пребрзо да не се олабават мерките против коронавирусот.

– Врз основа на добриот развој на ситуацијата во Германија и Австрија, многу луѓе мислат дека претерано се реагирало. Тие не разбираат зошто продавниците морале да бидат затворени. Тие само гледаат на она што им се случува, но не и на ситуацијата во другите земји – рече Дростен.

Слични содржини