Три руски борбени авиони кои летаа без сигнал од транспондер беа пресретнати од германските и британските сили во меѓународниот воздушен простор над Балтичкото Море, соопшти во средата германската Luftwaffe.
Германските и британските сили идентификуваа два руски борбени авиони Сухој Су-27 и еден авион Иљушин Ил-20, објави германското воено воздухопловство на Твитер.
Поставени се и неколку слики од рускиот авион во лет, јави „Ројтерс“.
Aufklärungsflieger abgefangen. 🇩🇪 und 🇬🇧 #Eurofighter wurden alarmiert, um 3 Militärmaschinen zu identifizieren. Die zwei SU-27 Flanker und eine IL-20 aus 🇷🇺 flogen erneut ohne Transpondersignal im int. Luftraum über der Ostsee. #SecuringTheSkies #VAPB @NATO @GermanyNATO… pic.twitter.com/sOY4CPkrbe
— Team Luftwaffe (@Team_Luftwaffe) April 26, 2023