Германскиот БДП запиша пад од 10 отсто

од Vladimir Zorba

Германската економија опадна за 10,1% во вториот квартал од оваа година, покажуваат податоците на Федералниот завод за статистика во Визбаден.

Ова се должи на нагло опаѓање на потрошувачката на домаќинства, опаѓање на деловните инвестиции и извозот заради вонредните карантински мерки воведени за да се спречи ширењето на пандемијата „Ковид-19“.

Ова е најостар пад од почетокот на кварталните пресметки на БДП во Германија од 1970 година.

Во кварталот април-јуни, БДП на најголемата економија во Европа падна за 11,7% на годишна основа, покажуваат податоците на Федералниот завод за статистика.

Аналитичарите прогнозираат дека во вториот квартал германската економија ќе потоне за 9,0% на квартална основа и за 11,3% во однос на истиот период минатата година.

Голем број германски компании ги објавија своите резултати за првата половина на 2020 година денес.Тие регистрираа огромни загуби, забележува „Дојче веле“. Концернот „Дојче Бан“ забележа најголема загуба во својата историја – 3,7 милијарди евра.

Загубите на автомобилскиот гигант „Фолксваген“, пак достигнаа 1,4 милијарди евра.

Слични содржини