Германскиот Бундестаг гласаше за прием на Финска и Шведска во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот Бундестаг денеска на последната седница пред летната пауза гласаше за проширување на НАТО.

Пратениците со големо мнозинство гласаа за прием на Финска и Шведска во НАТО.

Министерката за одбрана Кристине Ламбрехт нагласи дека со одлуката за проширување на НАТО, Германија испраќа сигнал за солидарност и доверливост.

Слични содржини