Германскиот канцелар под истрага, ќе треба да сведочи пред истражниот комитет во Хамбург

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот канцелар Олаф Шолц е цел на истражните органи поради афера што се случила додека тој бил градоначалник на Хамбург.

На 19 август Шолц ќе треба да сведочи пред истражниот комитет во Хамбург.

Тој е обвинет дека ѝ помогнал на „Варбур банка“ да задржи 47 милиони евра, тврдат даночните власти.

Обвинителството нареди да се претресат неговите мејлови кои ги добивал и испраќал преку адресата olaf.sć[email protected].

Пребарувањето на дигиталната пошта беше спроведено уште во март, а дури сега е објавена оваа информација.

Истражните органи ги „пребарале“ сите мејлови од 1 јануари 2015 година, како дел од истрагата за таканаречената афера „Cum Ex“, пишува весникот Hamburger Abendblat, ова доаѓа од документи кои биле проследени до истражната комисија на парламентот во Хамбург.

Конкретно, истражува колку политиката имала влијание врз спорните одлуки во врска со скандалот „Cum-Ex“.

Во ноември 2016 година беше донесена одлука да се откаже од барањето за ретроактивна наплата на данок во износ од 47 милиони евра до Хамбуршката „Варбург банка“.

Во истражните документи стои дека Шолц имал средба со шефот на таа банка.

Истрагата првенствено е насочена против долгогодишниот пратеник на СПД, Јоханес Карс, кој е осомничен за проневера и помагање во затајување данок.

Портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт изјави дека не знаел дека дигиталната пошта на Шолц била предмет на истрага.

Од 2001 до 2016 година банкари, адвокати и инвеститори ја измамуваа државата со даночни трикови за милијарди евра.

Така на незаконски начин побарале двојно плаќање на даноците кои ги платиле само еднаш.

Слични содржини