Германскиот канцелар: Украина да помогне во подобрувањето на односите со Берлин

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска оцени дека има проблем во односите меѓу Берлин и Киев, откако германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во април годинава беше спречен да го посети Киев.

Во своето обраќање пред печатот, Шолц рече дека Украина треба да помогне во решавањето на спорот, пренесува „Ројтерс“.

Шолц не прецизираше што може Киев да направи за да ја подобри ситуацијата.

Слични содржини