Германскиот печат за проширувањето на Еу со Македонија и Албанија: Човек да не поверува

од desk2

 

Печатот во Германија пишува за иницијативите и предлозите на Европската комисија кои Македонија и Албанија ги стави во позиција за изглед за проширување за пристап на ЕУ.

Многумина ги коментираат и лошите оценки на ЕК за Турзија, пренесе Дојче Веле.

„Преку мерка и произволно затегната“ е за таблоидот Билд идејата за новото проширување на „Европа“ како што кометаторот на тој весник ја нарекува: “Комисијата на ЕУ сака да прими две нови балкански држави, Македонија и Албанија. Човек да не поверува. Со отсуство на свест за сопствените грешки и без врска со реалноста, тоа е застрашувачки наивно. Веќе денес ЕУ не функционира како што треба. 28-те земји-членки се премногу различни, а нивниот заеднички именител е често премал за големите проблеми. Романија и Бугарија се две земји кои се примени, а не беа подготвени за тоа. Но, на крајот на долгите прегови никој не смееше да повлече кочница за случај на опасност“.

„Бриселските технократи на проширувањето во тоа можеби ја гледаат смислата за своето постоење.Штетата ја трпи Европа: се повеќе луше престануваат да веруваат во таа прекрасна идеја. Затоа што таа станува произволна, преку мерка затегната и од внатре неспособна да ги решава проблемите на граѓаните“, пишува Билд.

Награден напредок

„Како во хорор-филм“, наслов е на текстот во Зидојче цајтунг за тоа како “извештајот на ЕУ ги спомнува недостатоците меѓу кандидатите за прием“. „Европската комисија кај повеќето кандидати за пристап на ЕУ установи поприлични дефицити и посебно Турција издаде катастрофално сведоштво“.

„Извештајот за Турција изгледа речиси како хорор-роман, вели известувачот за Турција од Европската народна партија ЕВП во ЕП, Ренате Зомер. Иако ЕК констатира дека Турси=ција бележи назадување во правната држава, слободата на медиумите и независност на правосудството, на Анкара не и се заканија со сериозни последици“.

„Со препораката да се почнат преговри со македонија и со Албанија, награден е напредокот кој е таму постигнат“, рече комесарот Коханес Хан и додаде дека нагласени е во двете земји дека треба уште многу да се направи. Маледонија е пофалена дека ја надминала политичката криза. А забелеажно е дека Албанија постигнала напредок во реформите на управата и правосудството. Сали некогаш ќе почнат преговоти, зависи од согласноста на 28-те членки“.

Скепса кон плановите на ЕК

Австрискиот дневниј Кроне пренесе дека „Австријците се скептични кон плановите на ЕК да се прошири ЕУ со земјите од западен Балкан – како што тоа го покажува анкетата на Австриското друштво за европска политика. Најмногу е поздравен пристапот на БиХ, каде 31 отсто од испитаниците се за, 35 отсто против, а 24 неутрални. За Србија само 29 отсто се за, 45 отсто против. Додека против Албанија се 45 отсто. Девет отсто се за пристап на Турција во ЕУ, а 76 против.“

Слични содржини