Германскиот пензиски систем на работ на колапс? „Нема да издржи уште 5 години“

од Nikola Popovski

На Германија и треба голема социјална реформа, како онаа што се случи по обединувањето, изјави претседателот на Конфедерацијата на германските здруженија на работодавачи (БДА), Рајнер Дулгер за неделното издание на „Билд“.

„Начинот на кој функционираат нашите системи за социјално осигурување денес нема да може да се имплементира во следните пет години. Трошоците ќе експлодираат“, рече Дулгер.

Реорганизацијата на пензискиот систем е особено итна бидејќи неговото финансирање е пред колапс, тврди тој. Конкретно, Дулгер предлага ново зголемување на старосната граница за пензионирање.

„Не смее да се случи зголемувањето на животниот век да доведе до подолго користење на пензијата“, посочува тој.

Далгер гледа опасност и во воведувањето на универзален приход.

„Тоа би можело да воведе поделби во нашето општество. „Не може луѓето кои одат на работа наутро да имаат само малку повеќе пари од некој што не оди“, вели Даглер.

Според сегашните планови на владејачката коалиција, на 1 јануари 2023 година основниот приход ќе го замени сегашниот систем Харц IV, како што се нарекува социјалната помош уште од времето на владата на Герхард Шредер.

Харц IV од Нова година ќе се преименува во пари за граѓаните. Оваа помош ќе биде за околу 50 евра повисока од претходните месечни исплати. Тоа значи дека, на пример, самец кој до сега добивал 449 евра ќе има право на околу 500 евра помош.

Сепак, планираниот почеток може да биде одложен бидејќи и ЦДУ го критикуваше предлогот. Како што пренесува „Тагесшпигел“, ЦДУ сака да го блокира законот за кој е потребно одобрение, доколку владејачката коалиција не направи далекусежни отстапки.

Слични содржини